Прославениот тенисер Боба Живојиновиќ призна дека во текот на бракот со Лепа Брена не им цветале рози секогаш и дека пребродиле бројни кризи и лоши моменти, посебно во првите години од нивната романса.
Сопругот на Лепа Брена раскажа дека не му било лесно, но на крајот сепак успеале да останат заедно.
-Имаше кризи, посебно во стартот имаше искри, зошто кога некого страсно сакаш и си почнал да се забавуваш, тогаш очекуваш таа личност да биде со тебе цело време, 365 дена во годината, 24 часа дневно. Бидејќи се случуваше поради деловни обврски да не се гледаме и по неколку недели, не ни беше лесно. И тоа беше клучен проблем, но успеавме да ја зачуваме љубовта – раскажа Боба за магазинот „Глорија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.