| четврток, 6 декември 2018 |

Кожув пак ќе биде силен, Пековиќ, Мијајловиќ и Божовиќ ги продолжија договорите

Финалистот во македонското кошаркарско првенство, Кожув, повторно ќе има силен тим, а раководството на клубот успеа да го задржи извонредното интернационално трио Пековиќ, Мијајловиќ и Божовиќ. Гевгеличани беа вистински хит во минатиот шампионат на Македонија и играа за титулата против МЗТ Скопје, но ја загубија финалната серија.

Раководството на Кожув е задоволно од резултатите и особено од игрите на кошаркарите, па ќе го сочува костурот на тимот. Веројатно ќе има и неколку засилувања. Според најавите од Гевгелија, тренер на македонскиот вицешампион останува Марјан Србиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top