На 20 септември (среда) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе биде промовирана книгата „Тој човек иде од некаде“ (Македонски поети) објавена во Романија.
Изборот, био-библиографските белешки и преводот на песните од македонските поети на романски јазик се на Димо Н. Димчев (Дина Кувата).
Книгата, што се појави во издание на реномираната издавачката куќа „Хелис“ од Романија, во ДПМ ќе ја промовира поетесата Милица Димитријовска Радевска, а сребата ке ја води Александра Велинова. Стиховите на романски јазик ќе ги чита Димо Н. Димчев.
Книгата „Тој човек иде од некаде“ содржи песни од 34 македонски автори од сите генерации и е резултат на континуираната активност на преведување и објавување од страна на поетот Димо Н. Димчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.