| четврток, 6 декември 2018 |

Претствата „БААЛ“ од Брехт вечерва премиерно во Охридски театар во режија на Андреј Цветановски

Народниот театар од Охрид вечерва (5 декември, вторник) со почеток во 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „БААЛ“, работена по дело на Бертолд Брехт, а во режија на Андреј Цветановски…

-Претставата е приказна за борбата на поединецот со маските на општеството, битка со лицемерието и лажните морални вредности, но и дуел со самиот себе си, со својот внатрешен глас, со сите разговори со својата совест 5 минути пред да си легнеме, вели режисерот Андреј Цветановски.

Во претставата игра актерска епипа од Охридскиот театар и тоа: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Дамјан Цветановски, Стрезо Стаматовски,Биљана Билаловиќ-Вељаноска, Павел Маслов, Филип Кипровски иТони Денковски.

Сценографијата на претставата ја изработи Сергеј Светозарев, костимографијата-Милена Пантелеева, музички композитор е Димитар Андоновски, а дизајнот на светлото е на Милчо Александров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top