Македонската кошаркарска федерација и в година ќе биде организатор на едно младинско првенство, потврди ФИБА. На централниот одбор, одржан во саботата се одлучуваше за организатори на младинските европски првенства од сите дивизии, во машка и во женска конкуренција како и за Европското првенство за мали земји.
МКФ се пријави за учество и за организирање на првенствата до 16 години во машка и во женска конкуренција (двете дивизија Б), мажи јуниори и мажи до 20 години.
– Добрата репутација од досега организираните младински првенства помогна за да идното лето (2018 година) МКФ биде организатор на јуниорското првенство за мажи (дивизија Б). Првенството ќе се одржи во нашиот главен град, ќе започне на 27 јули, а ќе трае до 5 август, информираа од федерацијата.
Македонските кадетки ќе се натпреваруваат во Подгорица, од 16 до 25 август. Кадетите ќе настапат на ЕП (дивизија Б) кое ќе биде организирано во Сараево од 9 до 18 август, додека репрезентацијата за кошаркари до 20 години ќе настапува во Софија од 13 до 22 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вонредно собрание на МКФ: Ќе остане ли Петар Наумовски на чело на Федерацијата?
-
Петар Наумовски го напушти Собранието на МКФ, клубовите ќе собираат потписи за да го сменат
-
Перо Антиќ ниту дојде, ниту испрати некого да ја прими наградата од МКФ
-
Бугарската федерација се извини за непромислениот коментар на Маринов