| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ ниту дојде, ниту испрати некого да ја прими наградата од МКФ

Прогласувањето на најдобрите во македонската кошарка за 2017 година не можеше да мине без непријатен момент, во духот на претходно прекинатото собрание на МКФ, откако никој не дојде да ја прими наградата за најдобриот Перо Антиќ.

Ветеранот оправдано не се појави на церемонијата, но овој пат не испрати никого во негово име да го прими заслуженото признание што го правеше во минатото. Засега може да се шпекулира, но ова е најверојатно само продолжување на војната која долго време ја има на релација Антиќ-Наумоски, кој пред неколку години го нараче „небитен“ трикратниот европски шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top