| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарската федерација се извини за непромислениот коментар на Маринов

Бугарската кошаркарска федерација упати извинување до Македонската кошаркарска федерација како и до целокупната македонска јавност за непромислениот коментар од страна на нивниот репрезентативен кошаркар.

На профилот на социјалната мрежа Фејсбук на Павел Маринов, утринава осамна фотографија на која тој нашата држава ја нарекува „Југозападна Бугарија“ – нешто кое никого не остави рамнодушен.

Генералниот секретар на бугарската федерација Елеонора Рангелова во телефонски разговор со Генералниот секретар при Македонската кошаркарска федерација, Моника Гаврилоска изрази огромно жалење за коментарот на играчот и упати извинување во име на федерацијата и на сите оние кои на каков било начин ја претставуваат, информираа од МКФ.

Веднаш по телефонскиот разговор помеѓу генералните секретари на федерациите, кошаркарот на својот профил објави извинување.

Двете страни се надеваат дека овој немил и непромислен акт нема да ги наруши одличните спортски односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top