| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредно собрание на МКФ: Ќе остане ли Петар Наумовски на чело на Федерацијата?

Вонредно собрание на Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ) ќе се одржи денеска напладне на кое ќе се одлучува дали актуелниот претседател, Петар Наумовски ќе остане на чело на МКФ.

Доколку клубовите му изгласаат недоверба, за претседател на Федерацијата ќе се кандидираат поранешниот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски и поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц.

Наумоски пред еден месец го прекина редовното Собрание, пред точката за гласање за негова доверба да дојде на дневниот ред.

Владо Илиевски во меѓувреме ја испочитува процедурата и ги поднесе неопходните потписи, по што актуелниот претседател беше принуден да свика на вонредно собрание.

Илиевски вчеравечер на „Фејсбук“ напиша дека денес е голем ден за кошарката во Македонија и оти ќе направи се за овој спорт го врати на старите патеки.

– Одговорноста која би ми била дадена со функција на претседател на МКФ, пред цела Македонија и посебно моите сограѓани од Струмица, кои целосно веруваат во мене ќе ја преземам со цело срце за да ја вратиме кошарката на старите патеки, таму каде што заслужува да биде. Утре ќе биде голем ден за кошарката во Македонија, напиша Илиевски на својот „Фејсбук“.

извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top