| четврток, 6 декември 2018 |

Тајна која ја криеја повеќе од 20 години – ова се вистинските имиња на синовите на Брена!

Лепа Брена повеќе од две децении е во среќен брак со Боба Живоиновиќ, со кого има два сина, Стефан и Виктор.

За нивните вистински имиња никогаш не е зборувано во јавнсота, поради што информацијата дека ова не се вистинските имиња на нејзините синови, ја изненади јавноста. Имено малку кој знае дека синовите на Брена всушност не се викаат Стефан и Виктор, туку поради нивното раѓање во Америка имаат и средни имиња. Во документите тие се Стефан Емералд и Виктор Ернест.

-Тие имиња ни ги пишува во документите, но јас мислам дека нема потреба да ги експонираме. Чудни се. Јас сум роден во Њујорк, а Виктор во Мајами и како и сите американски државјани имаме и средни имиња – изјавил Стефан за Информер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top