Лепа Брена важи за ледена кралица, но кога се нејзиното семејство и блиски луѓе во прашање, го покажува мекото срце. Иако се шпекулираше дека некогаш имала конфликт со идната снаа Александра Пријовиќ, нивниот однос сега е сменет.
Така фолк дивата дури се завзела да им помогне на Александра и Филип околу се што ги мачи во врската, како и за плановите за потомство, зашто веќе некое време размислуваат.
-Брена има отворен однос со Александра и тие двете разговараат за се. Таа прва ја советува кога ќе дојде до караница со Филип, бидејќи тој има карактер сличен на неговиот татко Бобо. Таа на Александра баш и помогна во врската, па секогаш се тргнала настрана кога ќе му дојдела жолтата минута. Сега Брена и дава совети околу бременоста која ја планираат за идната година, бидејќи малку се исплашила дека тоа нема да иде толку лесно – открива извор близок до семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.