| четврток, 6 декември 2018 |

Убил бебе затоа што многу плачело!

Маж и жена од бугарскиот град Пазарџик беа притворени денеска поради смртта на едногодишно бебе чие тело беше пронајдено завчера, јави новинската агенција БТА.
Притворени се мајката на бебето, 30 годишната М.Х. и 27 годишниот С.И., со кого мајката живеела. Според истрагата, мајката честопати го оставала бебето само со С.И. Се смета дека С.И. го убил бебето удирајќи го во главата, затоа што тоа многу плачело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top