| четврток, 6 декември 2018 |

Ги покосил со „Форд Фокус“: Тројца тинејџери повредени во сообраќајка во Кочани, еден посериозно

Тројца малолетни пешаци, од кои еден посериозно, се повредени во сообраќајка во која М.С. (24) од село Оризари, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со кочански регистерски таблици удрил во нив на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани.

Двајца од пешаците се на возраст од 16 и еден на возраст од 17 години. Во незгодата пешакот, девојка на возраст од 17 години, се здобила со тешка телесна повреда. Таа по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа – Кочани била префрлена во Ургентниот Центар во Скопје.

Другите двајца пешаци во несреќата што се случила вчера, се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top