| четврток, 6 декември 2018 |

Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)

Дискутирајќи за енормното загадување на воздухот во градот, на седница на советот на општината, градоначалникот на општина Кочани Николчо Илијев, рече дека скарите се извор на загадување на воздухот.

Во краткото видео од 17. седница на Советот на општина Кочани, градоначалникот посочува дека чадот од скарата го загадува воздухот.

– И друго што ми е сугерирано, не знам да не лупнам глупост, меѓутоа и таму има скара многу блиску на јаглен, која стварно, чадот кој го испушта, слушам дека дава страшни, поразителни податоци – вели Илијев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top