| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте каде се движите, скопската полиција денеска овде казнува несовесни пешаци (ФОТО)

На една од улиците каде што пешаците најчесто го прекршуваат правилото за преминување на улициата, денеска активно работи скопската полиција. Пешаци се казнуваат кај главната зграда на поштата.

Оваа точка, како и улицата кај Зелен пазар, е место каде што пешаците прават најмногу прекршоци. Поради немањето на пешачки премин, тие најчесто брзо ја претрчуваат улицата кај преминот, доведувајќи се и себе и останатите учесници во сообраќајот во опасност.

Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top