Оризот од Кочанско не е генетски модифициран, покажаа суперанализите направени во германската лабораторија „Еурофинс ХОС Тестинга“ во Софија.
Како што соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Благој Индов, станува збор за сортите ориз кои по првичните анализи на Факултетот за ветеринарна медицина покажаа присуство на ГМО.
– Резултатите од суперанализата на позитивните примероци ориз кои беа испратени во акредитирана лабораторија на ЕУ се негативни. Тоа значи дека оризот од кој беа земени примероците не е генетски модифициран, истакна Индов.
Инспекторатот исконтролирал повеќе складови и земал вкупно седум мостри од сомнителните сорти. Притоа, кај две резултатите биле позитивни за ГМО поради што биле испратени на суперанализа.
– Контролите продолжуваат. Примероци за анализа ќе се земат и од следната реколта, од оние сорти за кои сметаме дека се сомнителни, рече директорот.
Негова оценка е дека производителите во Кочанско нема да претрпат штети зашто анализите се спроведувале во период додека оризот се уште бил во фаза на стасување, а жетвата допрва ќе почне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Ако уште вака го готвите оризот, може да се отруете
-
Инспекторатот за земјоделство ја презема контролата за генетски модифицираниот ориз
-
АХВ: Сојата со ГМО е на „Виталиа“, оризот е произведен во кочанско