| четврток, 6 декември 2018 |

Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!

Две жени се повредени вчера во автобус на ЈСП откако возачот нагло закочил, за да не удри во возило.

Во 15.20 часот во Скопје на крстосница од улицата Водњанска и 50-та Дивизија, автобус на ЈСП со бр. 50 управуван од М.М. (53) од Скопје нагло прикочил, за да не удри во друго возило кое излегло пред него при што со повреди се здобиле патничките во автобусот В.А. (60) и К.С. (52) од Скопје, соопшти МВР.

Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажана лекарска помош на К.С. и биле констатирани телесни повреди и истата била пуштена на домашно лекување, а на В.А. и биле констатирани тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top