| четврток, 6 декември 2018 |

Нина Деан ќе ја игра насловната улога во мјузиклот „Мама миа“ чија премиера е на 24 декември во МНТ

Носечката улога на Софи Шеридан, девојката која е пред мажење и која е во потрага по нејзиниот прав татко, ја реализира младата актерка Нина Деан. Нејзината мајка Дона Шеридан ќе ја игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска, најдобрите пријателки на Дона ги играат актерките Арна Шијак, Тања Кочовска, додека улогите на татковците Сем, Бил и Хари ќе ги играат актерите: Кире Ѓоревски, Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски ќе ја игра улогата на Скај, вереникот на Софи. Во поделбата на актерската екипа се и: Александра Павлова, Билјана Јовановска, Стефан Спасов, Александар Михајловски и Борјан Тетиев. Учествуваат и голем број на танчери и хористи, како и бенд во живо

Премиерната изведба на вториот лиценциран мјузикл во МНТ, MAMMA MIA! е еден од најпознатите наслови во музичкиот жанр, а нумерите се најголемите хитови од Шведската група АББА, по музика и текст на Бени Андерсон | Бјорн Улвеус | текст: Кетрин Џонсон | по приказната на Џуди Крејмер е закажана за 24 декември.

Македонската верзија на овој мјузикл, ќе почне во 20 часот, режијата е на Наташа Поплавска, која  после големиот успех на првиот лиценциран мјузикл „Чикаго“, повторно се потпишува како режисер.

Проектот се реализира во копродукција помеѓу Македонски народен театар и Prospot d.o.o./Presented by Arrangement with Music Theatre International/Europe.

Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај. Фактот што над 50 милиони луѓе ширум светот се вљубени во ликовите, приказната и музиката ја чини MAMMA MIA! претстава за врвно уживање! Мајка. Ќерка. Тројца потенцијални татковци. И патување низ просторот кое нема никогаш да го заборавите!
Авторката, Кетрин Џонсон, го развива дејството на оваа весела и интересна приказна на прекрасниот грчки остров. Во пресрет на свадбата, желбата на ќерката да го открие идентитетот на татко ѝ ги враќа назад на островот тројцата мажи од минатото на мајка ѝ коишто за последен пат го посетиле пред 20 години.
Раскажувачката магија на безвременските песни на АББА претставува двигател на волшебната приказна за љубовта, смеата и пријателството, креирајќи незаборавна претстава. Големата актерска екипа, веселата атмосфера и експлозивните танчерски нумери заедно ја прават МAMMA MIA! загарантирана хит-претстава за секој театар.

Нина Деан

Носечката улога на Софи Шеридан, девојката која е пред мажење и која е во потрага по нејзиниот прав татко, ја реализира младата актерка Нина Деан. Нејзината мајка Дона Шеридан ќе ја игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска, најдобрите пријателки на Дона ги играат актерките Арна Шијак, Тања Кочовска, додека улогите на татковците Сем, Бил и Хари ќе ги играат актерите: Кире Ѓоревски, Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски ќе ја игра улогата на Скај, вереникот на Софи.

Во поделбата на актерската екипа се и:  Александра Павлова,  Билјана Јовановска, Стефан Спасов, Александар Михајловски и Борјан Тетиев. Учествуваат и голем број на танчери и хористи, како и бенд во живо.

Препевот и преводот на текстот од англиски на македонски е на Тина Трпкоска, диригент е Бисера Чадловска, кореограф: Олга Панго, асистент на кореогарфот е Ирена Лозинска, сценографијата е на Александар Дениќ, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, инструктори за пеење и вокал се Ана Костадиновска и Сара Николовска, извршен продуцент: Симона Угриновска, прво пијано и корепетитор на солисти и хорски ансамбл: Билјана Петровска, дизајн и маркетинг супервизор: Емил Петров, инспициенти: Вукица Александрова.

Македонскиот народен театар како носител и продуцент на мјузиклот, MAMMA MIA! го реализира во копродукција со словенскиот партнер Prospot d.o.o застапуван од славниот југословенски скијач од осумдесеттите години, Јуриј Франко кој со еднаков успех ги остварува и успесите во светот на бизнисот, а во последниве години се бави и со продукција на мјузикли и театарски претстави. Посебно е горд на фактот што неговата компанија после шест години работа успева да ги обезбеди правата за мјузиклот MAMMA MIA! чија премиера прво беше во Белград, а потоа во Љубљана и Загреб. На компанијата Prospot d.o.o и е голема чест да биде копродуцент на овој голем хит, ширум светот, и во Македонскиот народен театар. Компанијата се занимава со театарска и музичка продукција. Претставите “The Sound Of Music”, “I Love You, You’re Perfect, Now Change” и “Moped Show Live” се дел од продукцијата кои ги потпишува Prospot  d.o.o и кои доживеале голем успех во Словенија. Квалитетот на работењето и достигнувањата на оваа компанија потврдени се и со добивањата на ексклузивните права за првокласна продукција MAMMA MIA! во Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, МакедонијаРоманија и Бугарија.

Следните изведби се на: 26 | 28 | и 29 | декември 2017 година и 12,13 и 23 јануари 2018 година во 20 часот.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top