| четврток, 6 декември 2018 |

Животот комплетно ми се промени, само будењето рано наутро остана исто

– Мајчинството е нешто во кое уживам секој ден и се радувам како првиот момент кога ја здогледав. Да си мајка значи да научиш што е несебичност, што значи повеќе да не си приоритет самата себеси. Сфаќаш дека и кога си преморена, ненаспана и тотално исцрпена, сепак имаш сила и дека целиот замор го снемува кога ќе те погледнат тие очи кон кои чувствуваш безрезервна љубов, вели водителката Милена Антовска – Станковска која пред неполни 3 месеци ја донесе на свет својата ќерка Лана Марија.

Таа во интервју за порталот Среќа.мк говори за предизвиците со кои се соочува како родител.

– Овие неколку месеци животот комплетно ми се промени, само будењето рано наутро остана исто. Од девојка која секојдневно се појавуваше пред камерите, сега водам еден помирен живот зад камерите, но, секако пасијата кон работата не е променета и со задоволство ќе продолжам во градење на мојата кариера паралелно со мајчинството. Верувам дека секоја жена треба целосно да се посвети на работите што ги сака и само така ќе се чувствува остварена и исполнета. Одгледувањето и воспитувањето е најголемата обврска за родителите. Во врска со тоа, навистина сум среќна што имам огромна помош и поддршка од мојот сопруг Гордан, како и од нашите родители, вели Милена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top