Познатата пејачка, која остварила незабележан успех на просторот на целиот Балкан проговори за причините поради кои размислувала да ја батали музичката кариера, но на радост на нејзините фанови сепак до тоа не дошло.
Лепа Брена (57) навела дека мислела дека нема да пее во шестата деценија од животот, и дека многу порано ќе се пензионира.
Се уште имам идеи, иако некогаш мислев дека во овие години нема да пеам -раскажала Брена.
-Не знам што би правела да не работев. Научив да сум вработена. Сите кои пријатели се работни и семејни луѓе, но и светски патници. Не гледам дека работата на музичар е поинаква од останатите професии или дека е ограничена со години. Сега всушност имам чиста мотивација за работа. Се радувам на светската турнеја на која тргнав, ќе ја снимиме и ќе направиме уште еден документарен филм-рекла Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.