На сцената Зебра, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата “Импулс 7“. Станува збор за дипломска претстава на првата генерација студенти на Скопје танцовата академија при ЕСРА Универзитетот, со која раководи проф. Рисима Рисимкин.
„Импулс 7“ се три кртаки кореографии на студентите и дипломските кореографии направени за нив како танчери од Рисима Рисимкин. На свеченоста ќе присустуваа и амбасадорката на Кралството Холандија, Мариет Схурман.
Во меѓувреме Скопје танцовата академија се подготвува за гостување на престижниот фестицвал ИТ’с во Амстердам, каде на 27 јуни во официјалната програма ќе настапи во заедничка вечер со КОДАРТС Универзитетот и Ротердамската танцова академија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.