| четврток, 6 декември 2018 |

„Црвено-црните“ сигурни на гостувањето кај Кристијанштад

Актуелниот македонски и европски првак Вардар продолжува со победите во Лигата на шампионите. Вечерва вардарци славеа тиумф на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад со 26-23 (15-10).

Уште еднаш на голот одличен беше Арпад Штербик кој забележа 17 одбрани, додека во нападот Борозан, Кристопанс и Дибиров постигнаа по 7 гола.

Покрај овој меч денеска во А групата одигра и средбата Барселона – ППД Загреб која заврши со победа на шпанската екипа со 32-22.

На табелата лидер е Вардар со 11 бодови, пред Барселона која сега има 9, а по неа следуваат, Рајн Некар Левен 8, ПИК Сегед 7, Нант 5, ППД Загреб 2, Висла 1 и Кристијанштад 1.

Останатите натпревари од групата ќе се играат утре.

Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите Металург својот меч од оваа рунда ќе го одигра утре во СЦ „Борис Трајковски“ каде од 17 часот ќе го пречека составот на Чеховски Медведи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top