| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)

Ајакс успеа да го победи АЕК на гостински терен со 0:2 и на тој начин си обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но сепак фудбалските случувања во Атина беа занемарени од хаосот на трибините на Олимпискиот стадион.

Навивачите на АЕК и оние гостинските од Ајакс имаа бркотници во Атина во текот на вчерашниот ден, а ситуацијата ескалираше и на трибините каде домашните фанови ги гаѓаа гостинските со молотови коктели и шок бомби. Поради ваквите немири, на сцена мораа да стапат и специјалците во Грција, а откако беше смирена ситуацијата, на теренот воглавно доминираше само еден тим.

Ајакс имаше комплетна доминација, а херој на гостите беше Србинот Тадиќ кој со два гола им обезбеди на Холанѓаните пласман во осминафиналето.

На вториот натпревар од 18:55 часот, Виктори Плзен славеше на гостувањето во Москва кај ЦСКА со 1:2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top