| четврток, 6 декември 2018 |

Владо Илиевски ќе биде нов претседател на МКФ?

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски најверојатно ќе биде новиот претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) објавува „Екипа“.

Илиевски треба да дојде на местото на се уште актуелниот прв човек на МКФ Петар Наумоски.

Илиевски е долгогодишен македонски репрезентативец и стрелецот на најзначајните поени во историјата на нашиот национален тим, тројката за победа над Литванија на Евробаскет 2017. Извонредниот плејмејкер пред неколку месеци ја заврши професионалната кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top