| четврток, 6 декември 2018 |

Чекор пред сите -новиот Рено Колеос во понудата на Аутомотив Груп!

Во еден од најкомпетитивните сегменти на пазарот, новиот кросовер на Рено успева да се разликува од повеќето свои ривали со тоа што е добар во сѐ што го прави, а според првите оценки на европските новинари новиот колеос е доволно добар за да исчекори нијанса погоре од својот групациски „роднина“ нисан икс-трејл.

Станува збор за луксузен кросовер, со изобилство од простор и поприлично количество најнова технологија.

Докажаната технологија со погон на четири тркала, способноста за теренско возење благодарение на високото растојание од земјата, рафинираниот ентериер опремен со најдобрите елементи за подобрување на патувањето на сегментот, кабинскиот простор е водечки во класата, благодарение на меѓуоскиното растојание од 2,71 метри и вкупната должина од 4,67 метри, велат од Автомотив груп, ексклузивниот импортер и сервисер на брендот Рено во Македонија.

-Новиот колеос ја комплетира стилската ренесанса на гамата на рено која започна со клио во 2012 година. Како дизајнер, предизвикот за мене беше да се замисли кросовер кој ќе биде не само елегантен, туку и динамичен и модерен. За да го постигнеме ова, наместо да ги следиме особините кои традиционално се поврзуваат со кросоверите, ги поставивме познатите знаци на сегментот благодарение на затегнатите, моќни, хоризонтални линии, заедно со мускулестата хауба и високото подигање од тлото. Оттука, новиот колеос зрачи со внатрешна сила. Во секој милиметар е спортски кросовер и во секој милиметар е рено- вели Лоренс ван ден Акер, човекот одговорен за новиот дизајнерски израз на Рено.

Новиот колеос е богат со врвна технологија, со избор на два дизел мотори со X-Tronic автоматски менувач или со рачен менувач за да ги задоволи потребите на потрошувачите на европските пазари.

Сѐ на сѐ, рено колеос има многу квалитети на своја страна, како добра прегледност, удобен ентериер, моќен надворешен дизајн. Сепак, проценката за комплетното доживување од големиот кросовер на Рено ќе ви ја пренесеме откако ќе го добиеме на тестирање.

Цената на основниот модел кај нас ќе почнува од 30.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top