| четврток, 6 декември 2018 |

Небичен ритуал на „Ред Бул“, секоја недела одат во црква и се молат за подобар мотор!

red bul

Луѓето од Ф1 тимот на Ред Бул секоја недела одат во црква и кажуваат молитви кон Бога да му помогне на Рено што побрзо да го заврши новиот подобрен мотор. Овој необичен ритуал го откри шефот на тимот Кристијан Хорнер, кој се надева дека нивните молитвите ќе бидат слушнати и исполнети до стартот на трката за ГН на Канада на 11 јуни.

– Сите уште веруваме дека новиот мотор ќе стигне до стартот во Монтреал. Од тимот одиме во црква и се молиме за тоа. Се надеваме дека нашите молитви ќе бидат слушнати и на 11 јуни ќе се натпреваруваме со новата, помоќна верзина на моторот на Рено – вели Хорнер.

Тимот на Ред Бул кој некогаш доминираше во Формула 1, во последните неколку години нема сила да се носи со доминацијата на Мерцедес. Од почетокот на сезонава, австрискиот тим е „трета виолина“ на патеката, во сенка на Мерцедес и на Ферари.

– Убеден сум дека во втората половина од сезоната ќе бидеме многу посилни и ќе влеземе во директна битка со Мерцедес. Моментно заостануваме и од Ферари, но со новите мотори не би требало да имаме толку проблеми со нив како што се случуваше на почетокот од годинава – истакнува шефот на Ред Бул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top