| четврток, 6 декември 2018 |

Хулкенберг тестираше и е задоволен од првичните перформанси на болидот на Рено

niko hulkenberg

Тежината на болидот, рамнотежата на патеката како и ладењето беа главните параметри по кои механичарите на Рено се водеа за подготвување на новиот болид со кој ќе возат Нико Хулкенберг и Џулијан Палмер. Од крајот на минатата сезона, Рено започна од нула да го прави новиот болид, а финалната цел е во наредните три сезони да го достигне квалитетот на Мерцедес.

Нико Хулкенберг, кој од Форс Индија пристигна во Рено, го возеше новиот болид на патеката „Каталуња“ и засега е задоволен од перформансите.

– Третиот и деветтиот свиок можев да ги поминам со полн гас. Тоа минатата сезона можеа да го прават само Мерцедес и Ред Бул. ДРС системот е поизразен од минатата сезона. Поради тоа мислам дека во Монте Карло претекнувањето ќе биде речиси невозможно. Со овие широки болиди најважно ќе биде возењето по средината на патеката – се впечатоците на Германецот откако првпат седна во болидот на Рено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top