Како да не е доволно што болидите на Рено во Формула 1 се далеку од битката за висок пласман, па сега станаа и опасни по животот на возачите. Кевин Магнусен имаше непријатна случка за време на првиот слободен тренинг во Малезија откако при влегувањето во пит-стоп неговиот болид се запали.
За среќа, Данецот експресно излезе од болидот, по што пожарот беше изгаснат за неколку секунди со помош на механичарите и на стјуардите кои се најдоа во близина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.