Патнички автомобил марка „рено“ со скопски регистарски ознаки попладнево во Кавадарци удри во пешак на возраст од 11 години, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во 14.30 часот на улицата „Пионерска” во близина на основното училиште „Тоде Хаџи Тефов”.
– Денес во 14.30 часот на улицата „Пионерска“ во непосредна близина на ООУ „Тоде Хаџи Тефов” во Кавадарци се случи сообраќајна несреќа во која патнички автомобил „рено“ удри во пешак на возраст од 11 години – информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
Увид на местото на несреќата изврши екипа од Полициската станица Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.