| четврток, 6 декември 2018 |

Нема Евросонг за Македонија – МРТ не платила

Гледачите на „Македонската радио-телевизија” (МРТ) може наскоро да останат без европски спортски првенства, без „Евровизија”, странски програми, филмови и без странски документарци поради натрупан долг кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), пренесува „Radio Free Europe Free Liberty.

МРТ има долг поради кој се соочува со санкции од трето ниво, потврди Клер Рејнфорд, висока претставничка за односи со јавноста од ЕБУ.

– За жал, „Македонската радио-телевизија” веќе нема пристап до нашите сервиси сè додека не го плати долгот – вели Рејнфорд, која не ја откри сумата што ја должи националниот сервис.

Долгот кон ЕБУ се однесува за годишната членарина, но и за некои програмски права. Според т.н. Кодекс за финансии, документ на ЕБУ, воведувањето санкции од трето ниво значи дека долгот е постар од 270 дена.

-Во случај на фактура која не е платена во рок од 270 дена од датумот на издавање, пристапот до
сервисот ќе биде прекинат и извршниот одбор автоматски ќе побара препорака од Генералното
собрание за целосно исклучување на членката од ЕБУ”, пишува во документот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top