| четврток, 6 декември 2018 |

Единасет годишник затруднел 36-годишна жена

main_trudnica2

Медиумите во Нов Зеланд денеска пренесуваат дека единаесетгодишно момче е таткото на детето на 36-годишната мајка на неговиот другар, што го покрена прашањето во јавноста зошто жената не може да биде обвинета за силување.

Официјалните лица истакнаа дека овој случај на детско злоставување укажал на недостаток на внимание врз ваквите жени.

Овој случај покрена и ревизија на законот, според кој силувањето се однесува само на машки престапници. Новозеландскиот министер за правосудство, Џудит Колинс најави покренување на истрага.

-Овој случај укажува на важно прашање. Морам да се советувам со останатите надлежни за да утврдиме дали е неопходна измена на законот, изјавила Колинс.

Жената и момчето, чии имиња не се објавени живеат во областа Окланд на Северниот остров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top