| четврток, 6 декември 2018 |

Збирката раскази „Додека Данте спие“ од Силвија Митевска објавена во Италија

Збирката раскази ,,Додека Данте спие’’ во издание на „Или-или“ од Силвија Митевска е објавена во Италија, соопшти издавачката куќа.

Во издание на издавачката куќа ,,Besa Salento’’ од Италија, излезе во печат збирката раскази ,,Додека Данте Спие’’ на  писателката Силвија Митевска.  Делото од македонски на италијански јазик го преведе Д-р. Лучиана Гуидо Шремп, која работи на Катедрата за Италијански јазик и Книжевност при Филолошкиот факултет.

Според најавата на издавачот ,,Besa Salento’’, во центарот на приказните во збирката,, Додека Данте спие’’-проза која се чита во еден здив- се ликови со кои е лесно да се идентификуваш, мажи и жени кои би можеле да бидат секој од нас а кои, во исто време имаат поинаков поглед на реалноста.

Промоција на италијанскиот превод на збирката раскази е закажана за во ноември, во рамките на италијанската недела на промоција на италијанскиот јазик што ќе се одржи во Скопје.

Силвија Митевска

Претходно, Силвија Митевска со расказот ,,Сонот на Лучиа’’, ја освои специјалната награда ,,Slow Food Tera Madre’’ на дванаесетото издание на националниот конкурс ,,Мајчин јазик’’, во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top