| четврток, 6 декември 2018 |

Барак Обама посака да лета со Македонката Силвија! (ВИДЕО)

За параглајдингот, за адреналинот, но и вратите што ги отвора спортот во разговор за „Вечер“ раскажува најдобрата македонска параглајдерка Силвија Митевска. Во разговорот Силвија зборува за почетоците, ризиците кои ги носи овој екстремен спорт, обуките кои задолжително мора да ги поминат младите и неискусни параглајдери, но и за премот во Белата куќа.

Минатиот месец учествував во Глобално светска менторска програма. Бевме околу петнаесет девојки одбрани од целиот свет. Бев номинирана од страна на американската амбасада затоа што имам големи спортски достигнувања. Меѓутоа и се залагам за поученост на жените во спортските активности. Така што додека престојував во Вашингтон бев поканета да учествувам на спортски настан, кој се одржа во Белата куќа, а имаше доделување на “Стенли# трофејот за победниците на хокеј-лигата во САД. Ова е вистински показател дека спортот е најдобар амбасадор, отвора многу врати и овозможува перспективна иднина. До тој ден никогаш не ни помислував дека ќе бидам поканета во Белата куќа, но среќата ми се насмевна, што за мене е големо изненадување.

Целиот текст ќе го прочитате во печатеното издание на весникот “Вечер”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top