| четврток, 6 декември 2018 |

Награден расказ во Италија на Силвија Митевска

Македонската писателка Силвија Митевска со расказот „Сонот на Лучиа“ ја освои специјалната награда Slow food Tera Madre на дванаесетото издание на националниот конкурс „Мајчин Јазик“ во Италија, информира издавачката куќа „Или-или“.
silvija mitevska
Наградите ќе бидат доделни на свечениот настан на 22 мај во Торино. Нејзиниот расказ заедно со другите избрани, ќе се најдат во изданието насловено „Приказни за жени од странство во Италија“, кој ќе биде претставен на Меѓународен Саем на книгата 2017-та година во Италија, и ќе биде објавен во текот на годината.
Овој конкурс е во организација на регионот Пиемонте и меѓународниот саем на книгата во Торино.
Митевска ја издаде „Додека Данте спие“ во 2015 година, а наскоро „Или-Или“ ќе ја објави и нејзината втора збирка со раскази, „Сонот на Данте“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top