Македонската писателка Силвија Митевска со расказот „Сонот на Лучиа“ ја освои специјалната награда Slow food Tera Madre на дванаесетото издание на националниот конкурс „Мајчин јазик“ во Италија. Наградaта и беше доделена на 20.05. на меѓународниот саем на книгата во Торино. Саемот во Торино е најголемата и најважна книжевна манифестација во Италија.
Нејзиниот расказ заедно со другите избрани, ќе се најде во изданието насловено „Приказни за жени од странство во Италија“. Овој конкурс е во организација на регионот Пиемонте и меѓународниот саем на книгата во Торино.
Митевска ја издаде „Додека Данте спие“ (ИЛИ-ИЛИ, 2015 година) а наскоро „Или-Или“ ќе ја објави и нејзината втора збирка со раскази, „Шепотот на Данте“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.