| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе за на насловна: Виетнамка роди дете тешко седум килограми

Родилка од Виетнам викендов, со царски рез роди бебе тешко 7,1 килограми.

– Бевме во целосен шок кога лекарот ни рече дека бебето е тешко 7,1 килограм. За време на бременоста, докторите велеа дека тоа ќе има околу пет килограми – изјави таткото на новороденчето, Тран Ван Кван.

Бебето е хит на денот од насловните страници на виетнамскиот печат. Претходниот рекорд во земјата го држеше бебе родено 2008 година, со тежина од точно седум килограми.

Светскиот Гинисов рекорд пак, и натаму и припаѓа на Италијанката која во 1955. роди бебе тешко 10,2 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top