Дури и најнаивните личности знаат дека светот е под контрола на одредени поединци. Некои велат дека тоа се најбогатите семејства, а некои велат дека се тоа тајни организации. Вистината е дека, без оглед на тоа кои се тие луѓе, 99% од населението во целата планета е под контрола на оние 1%.
Но, како и да е, Марфиевиот закон „сè што може да мине лошо, ќе мине“ важи дури и за оние кои управуваат.
- Оние кои ја контролираат околината на Земјата
Веројатно сте слушнале за ХААРП. Тоа е проект финансиран од страна на американската морнарица и американското воено воздухопловство и таа технологија може да ѝ овозможи на американската војска да комуницира со својата флота на големи оддалечености. Како работи? Постои инструмент за истражување на јоносферата, кој пренесува радиофреквентни големи бранови во ограничено подрачје на јоносферата.
Тој инструмент манипулира со јоносферата на места каде што постојат слободни електрони и има потенцијал да создаде радиобранови кои манипулираат со Земјеното магнетно поле.
Дури и повеќе застрашувачки е фактот што ХААРП има потенцијал да ги контролира и човечките емоции низ бранови на фреквенции преку кои се манипулира со човековите мозоци. Кој знае, можеби се одговорни и за нашите изненадувачки промени на расположение?
- Водата од цевките ве прави бесчувствителни
Нема апсолутно никаква потреба за ставање флуор во водата, а за оние кои сакаат да го контролираат светот, флуоридот во водата е важен елемент. Зошто?
Флуоридизацијата ја препорача Едвард Бернајс, внукот на Сигмунд Фројд. Флуорот е хемикалија која има влијание на епифизата на нашиот мозок, некои го нарекуваат „трето око“. Оваа жлезда е одговорна за повеќето наши емоции, како и нашите нивоа на серотоинин и мелатонин.
Флуор ја оштетува оваа жлезда и поттикнува апатија, депресија и ниски вибрации.
- Ни вбризгуваат Chemitrails со флуорот
Кога ќе погледнете во небото и ќе ги погледнете трагите од авион ќе помислите на Chemtrail. Не грижете се, ќе ве убедуваат тие. Тоа не е ништо, некои детски запрашувачи со алуминиум, арсен, бор и флуор.
- ГМО го уништува целото човештво
Генетски модифицираните организми или ГМО билките или животните создадени со техниките на биотехнологијата стануваат дел од вашите гени. Оваа експериментална технологија која ги спојува различните ДНК видови создава нестабилни генетски комбинации на билки, животни, бактерии и вируси, кои не можат да се појават во природата.
Со други зборови, ГМО е Божја коцка во човечки раце. Тоа е најголемиот дисбаланс на природата. Вселената има едно правило, а тоа е дека секоја акција има своја спротивна реакција. Ние работиме на дисбаланс во природата, но како што знаеме, вселената секогаш ќе најде некој облик на рамнотежа.
- Света геометрија и јазикот на вселената и убавината
Што е убавината? Ангелите на Викторија сикрет, знаеме, но што всушност е дефиниција на убавината? Комбинација на елементи како што се обликот, бојата, но и самата величина која му се допаѓа на чувството на вид.
- Музиката ве прави конкурентни
Знаете ли дека во 1955 година Меѓународната организација за стандардизација ја одреди 440 Hz како општоприфатено поседување за стандардот за музиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.