Можеби изгледа навистина лесно да се гледаат талентираните актери и нивните изведби без разика во каква емоционална состојба тие се наоѓаат.
Сте се запрашале ли како успеваат да ја стекнат нашата доверба во врска со она што го прикажуваат иако можеби зад екраните тие и не се баш расположени како што нам ни изгледаат. Нивните изведби во комедии, трилери, љубовни и романтични филмови, се подеднакво одлични. Иако можеби сето тоа изгледа природно на екранот, тоа воопшто не е лесно да се постигне на сетот.
Прилагодување кон друга реалност
Клучно е за актерот да може да се префрли од една емоционална состојба во друга. Некои холивудски актери го користат методот на Ли Стразберг или т.н. кафе вежба.
За точно да ја претстават реалноста на ликот тие замислуваат и се потсеќаат на ситуации. На пример, кога сте во подземна и мрачна железница, обидете се да го запомните вашето утро кафе: нејзината топлина, боја, вкус, мирис. Така можете да ги доживеете чувствата што ги имавте наутро додека сте на друго, не баш пријатно место. Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон и Ал Пачино ја совладале оваа техника.
Ментол кристали за да заплачат на сцена
На некои од актерите навистина име тешко да пролеат вистински солзи, без разика колку ја доведуваат и изрзуваат конкретната емоција. Затоа, некои д нив се служат со специјални капки или ментол кристаи кои ги мачкаат под очите. Со нив лесно пролеваат солзи и излгедаат баш расплачени и тажни.
Како до маестрална фацијална експресија?
За да испорача било каква емоција лесно, мускулите на лицето мора да бидат опуштени. Пред снимањето на сцената, актерите обично ги загреваат мускулите на лицето за да влезат во релаксирана состојба.
Медитација пред влегување во улогата
За да се донесе еден лик во живот, актерот мора да биде опуштен и смирен. Еден од најдобрите методи е медитацијата. Бенедикт Камбербат открил дека користи медитација за да го смири својот ум и да се смири.
Емоционална техника за меморијата
Ова е можеби најчудно и доста „откачено“ за ние како публика да би го разбрале. Актерите честопати размислуваат и се навраќаат на сопствените приватни тажни моменти за да ги донесат емоциите на нивниот карактер конкретни и јасни.
Техниката на Станиславски нè учи како да го направиме тоа. Суштински дел од овој метод е да се поттикнат емоционалните спомени и истите што е возможно повеќе да се искористат за да луѓето можат да “веруваат” дека чувствата на ликот се реални. Пример за овој метод е Адриен Броди. За да се подготви емотивно за пијанистот, Броди го продал својот стан, раскинал со својата девојка и останал сам подолго време.
Сцени со бакнување
Актерите можеби не сакаат да се бакнуваат воопшто, но понекогаш мораат. Трикот е во тоа што камерата може да се стави под одреден агол за да се создаде т.н. илузија на бакнувањето. Поставувањето дланка на образот на партнерот додава уште повеќе емоции на сцената. Рацете можат да ги покријат усните што остануваат затворени во моментот. Што значи, нема магија, само техники.
Филмови за инспирација
Некои режисери настојуваат актерите да гледаат некои одредени филмови кои ќе послужат за инспирација во понатамошното градее на ликовите и на приказната. Таков е примерот со Ла ла ленд, каде што режисерот пред снимањето на истиот им наредил на сите актери да го гледаат филмот „Singing in the rain“.
Разголените сцени
Дури и кога мислите дека се целосно голи, актерите носат долна облека во специјална месо боја. Главните трикови се перници меѓу партнерите и комплетна шминка на телото.
Нема романса ако собата е преполна со луѓе кои кажуваат како да се движат актерите и каде да се бакнат. Затоа на ваквите сцени има најмалку присутни. Основно правило, во секс – сцените е тоа што на актерите им се остава малку подолго време пред снимањето за да тие се запознаат едни со други и да се релаксираат.
Маргот Роби пак, има уште една тактика која можеби е најприфатлива од страна на нашето око и мислење. Таа имала премногу трема кога била во прашање секс-сцената со Леонардо Ди Каприо, па затоа пред снимањето малку се опуштила со алкохол и затоа сцената од незаменливиот „The Wolf of Wall Street“, изгледа совршено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.