| четврток, 6 декември 2018 |

Какви тајни кријат Амишите?

Амишите се припадници на конзервативната христијанска група во Северна Америка, познати како Стариот ред на амишката менонитска црква.

Амишите се појавиле во периодот од 1693. до 1697. година како следбениците на менонитскиот старешина Јакоб Аман, а по преселбата во САД, веќе нема негови следбеници во Европа.

Со тоа што се многу затворена заедница, за нив малку се знае – тие живеат на традиционален начин и ја отфрлаат модерната технологија, а токму затоа за многумина се предмет на фасцинација.

Како успеваат на живеат на тој начин? За сè е заслужен нивниот збир од правила кој секоја заедница мора да го почитува, а познат е под името “орднунг”. Тие правила се однесуваат на секој аспект од животот, а говорат за тоа како да се однесуваат кон Бога и кон другите. Казната за непочитување на правилата е екскомуникација од заедницата, а не помагаат никакви објаснувања ниту посебни околности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top