| четврток, 6 декември 2018 |

Мали тегови и седум овошја: Три строго чувани тајни на првата дама на САД

Melania Trump

Пред претседателската кампања на Доналд Трамп, неговата сопруга Меланија ретко кога се појавуваше на јавните настани и не даваше никакви интервјуа за медиумите.

Токму затоа нејзиниот профил во магазинот GQ предизвика огромен интерес кај јавноста. Магазинот доби можност за да направи ексклузивно интервју со Меланија, а за потребите на приказната, тие поразговарале и со нејзините најблиски пријатели и познаници. Како особено интересен може да се издвои делот во којшто таа го опишува нејзиниот фитнес и режим за убавина и трите нејзини тајни за добар изглед.

Движење со тегови на зглобовите

Овие мини тегови коишто може да се распоредат по целото тело класичното движење го претвораат во квалитетна физичка активност и овозможуваат истовремено зајакнување и обликување на мускулите.

Седум овошки дневно

Не е никаква тајна дека овошјето е важен дел од менито на секоја диета и без него нема добро здравје, а Меланија го консумира секојдневно.

Хидратација на кожата

Ова е неизбежен дел од секојдневната нега кај поголемиот дел од жените, а важен е и за првата дама на САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top