Гласањето на болните, изнемоштените и раселените лица, како и на затворениците во казнено поправните установи, што се одржува ден пред утрешните локални избори, засега се одвива добро и без проблеми, соопшти попладнево на прес- конференција портпаролката на Државната изборна комисја, Љупка Гугучевска.
Гласачките места се отворени во 7 часот утрото и гласањето ќе трае до 19 часот. На ден пред изборите се гласа во 13 казнено-поравни установи каде право на глас имаат 1.882 избирачи. Своето гласачко право денеска ќе го искористат 5.025 болни и изнемоштени лица, како и лица во куќен притвор. Денеска гласаат и девет внатрешно раселени лица. ДИК ќе излезе со бројка за текот на денешното гласање по 19 часот.
Локалните избори утре ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 избирачи кои можат да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за советници. Гугучевска инстакна дека има интерес за набљудување на изборите и оти ДИК има издадено акредитации на 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, 294 преведувачи и шест странски новинари. Гласањето на утрешните избори, согласно изборниот законик и упатството за гласање, ќе се врши со заокружување на ливчето со пенкало со сина боја.
Државната изборна комисија првата прес-конференција утре на денот на изборите ќе ја одржи во 11 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале