| четврток, 6 декември 2018 |

Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет

Државната изборна комисија не може да тврди дали имало или полнење на кутии, тоа се надевам дека Јавното обвинителство на Македонија по допрен глас, или еве веќе има кривични пријави од одредени фактори, ќе спроведе одредени постапки кои ќе го докажат тоа дали имали или не такви настани. Ова за емисијата „Без цензура“ на „Инфомакс“ го кажа претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски.

  • Она што ДИК може да го направи и го направи е да постапи по однос на приговори од набљудувачите. Таков беше случајот во Куманово каде беше поништено гласањето на едно гласачко место, а поднесени се и кривични пријави против лицето – вели Дерковски.

Во Куманово беше поништено гласањето, каде било очигледно дека бил променет резултатот, односно една била состојбата во гласачката кутија, а друга во записникот, вели претседателот на ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top