| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против

Државната изборна комисија на својата веб страница ги објави резултатите од вкупно обработени 98,61 процент од избирачките места.

Според нив, излезноста на референдумот изнесува 36,8%. „За“ гласале 91,4% односно 605.016 гласачи, а „против“ се изјасниле 37.312.

Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

ДИК закажа прес конференција за 14 часот со конечени резултати од гласањето на реферндумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top