Ленка Миљачиќ од Нова Пазова стана шампионка веднаш по доаѓањето на свет зошто се роди со должина од дури 65 сантиментри, и е заведена како една од најдолги бебиња родени воопшто во Србија.
Младен Мијиќ (38) гордиот татко, вели дека тој и сопругата Јелена (29) очекувале близнаци зошто стомакот на мајката во текот на бременсота бил огромен. Се изненадиле кога лекарот им соопштил дека во стомакот има само едно бебе кое се роди на 29 август во Земун.
– Ниту сипругата ниту јас сме премногу високи, јас 188 см, а Јелена 183. Јас имам две сестри близначки, мојата сопруга е близначка, па се надевавме дека и ние ќе добиеме близнаци, но не изненади Ленка. Пријателите не веруваа кога им рековме колку долга се роди, не убедуваа дека погрешно сме слушнале, веројатно 56, а не 65. Јас работам во Итната помош и кога и реков на една докторка колку е долго бебето, ни таа не веруваше па и ја покажав отпусната листа. Дури и за лекарите е тоа куриозитет, вели Младен.
Месец дена по раѓањето Ленка напредува и сега е порасната до 67 сантимери и има 6 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)