Млада трудница во четвртокот навечер била донесена на Клиниката за гинекологија откако матичниот гинеколог ѝ дал вагиналети за да го умртви бебето кое било во осмиот месец на бременоста. Бебето починало веднаш, а лекарите одвај успеале да го спасат животот на трудницата, дознава НОВА од извори на клиниката. Вагиналетите кои ѝ ги дал матичниот лекар не биле регистрирани за употреба во државата.
Информацијата ја потврди директорката Викторија Јовановска.
-Точно е, екипата вложи натчовечки напори за да ја спаси трудницата, постоеше опасност и таа почине. Бебето почина веднаш“, изјави кратко за Нова ТВ Јовановска.
Таа тврди дека знаат за кој гинеколог станува збор и дека случајот го пријавилe во Министерството за здравство и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)