| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Розенберг на полувреме со минимална негатива

Тимот на „Вардар“ вечерва игра со норвешкиот клуб Розенборг и засега имаат минимална негатива од 1-0. Чеде Јаневски ги избра:  Гачевски, Муслиу, Грнчаров, Џигаури, Блажевски, Барсегјан, Глигоров, Хамбарџумјан, Демири и Фелипе да играат на натпреварот во второт коло од групата „Л“ од Лига Европа.

На вечерашниот натпревар домаќините први поведоа и тоа со голот на Бендтнер од пенал во 25. минута од мечот. Во 34. минута имаше шанса Николов, но неговиот удар беше одбранет од страна на голманот на домаќините, по што минималното водство на  Розенборг остана до крајот на првите 45 минути игра на мечот во Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top