| четврток, 6 декември 2018 |

Победникот на Евровизија, Салвадор Собрал се бори за живот

Салвадор Собрал (27) морал да се повлече од музиката поради лошото здравје. Ги откажал сите настапи и е примен во болницата во Санта Круз поради проблеми со срцето.

Младиот Португалец мора да се подложи на трансплантација на срцето, а тамошните медиуми се распишале дека животот му е во опасност.

Пораки со поддршка на талентираниот Собрал пристигнуваат од сите краишта на светот. Брзо закрепнување му посакале и поранешниот победник на Евровизија Александар Рибак од Норвешка, Украинката Џамала и шпанскиот претставник на овогодинашниот избор Мануел Наваро, кој, инаку, е пријател на Собрал.

Последниот настап пред да биде хоспитализиран Салвадор го имал на 8 септември. Тогаш многу емотивно ја интерпретирал победничката песна, а кога на сцената му се придружила неговата сестра, го совладале емоциите и заплакал.

За неговите проблеми со срцето се пишуваше и во мај. Поради тоа, тогаш наводно не можел да ја напушти земјата за да стаса на пробите за евровизискиот настап во Киев. Таму го менуваше неговата сестра Луиза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top