| четврток, 6 декември 2018 |

Почина младиот пејач Кајл Павоне

Кајл Павоне пејач на рок бендот „We Came as Romans“ почина на 28 години, потврдил неговиот бенд.

-Трагичното заминување на Кајл дојде прерано. Сите сме тажни поради загубата.Ќе ни недостасува неговата насмевка, искреноста, неговата грижа за другите и импресивниот музички талент, напишале колегите од групата.

Кајл објавил пет студиски албуми вклучувајќи го и последниот албум „Cold Like War“, објавен минатата година.

Американските медиуми претходно објавија дека Кајл е примен во болница во Мичиген на 19 август, но засега не е позната причината за смртта на младиот пејач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top