| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите нема да можат да гледаат „Евровизија“

Организаторите на „Евровизија“ и забранија на кинеската „Манго ТВ“ да го пренесува вечерашното евровизиско финале, отакако претходно го цензурираше настапот на Ирска и Албанија на првата полуфинална вечер, поради ЛГБТ перформансот на Ирците и тетоважите на албанскиот претставник.

-Тоа не е во согласност со вредностите на Европската радиодифузна унија, инклузијата и традицијата на славење на различностите низ музиката- се наведува во соопштението на ЕБУ.

„Манго ТВ“ не се огласи со коментар по одлуката.

Ирската песна е љубовна и говори за врската помеѓу двајца мажи, додека албанскиот настап бил цензуриран поради тетоважите на пејачот.

Според Кинезите, хомосексуалноста е ненормално сексуално однесување, кое е несоодветно за на телевизија, како и инцестот, сексуалното злоставување и перверзијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top