Митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места ќе одржат денеска партиите, коалициите и независните кандидати кои учествуваат на локалните избори закажани за 15 октомври годинава.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има средби со граѓани во Студеничани и Сопиште, а митинзи во Кисела Вода и Аеродром, додека коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Демир Капија, Градско и Росоман и митинзи во Неготино и Кавадарци.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) е на средби со граѓани во Шуто Оризари и Бутел.
Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)
-
Таравари ќе бара нови локални избори ако не се донесе буџетот на општина Гостивар
-
Заврши прегласувањето во ИМ 2901 во Чаир
-
Груевски: Во Драчево ќе изградиме нова детска градинка, спортска сала и парк во секое маало