Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање околу можните последици од неносење на буџетот на општината, како една од можностите за надминување на партиските судири е распишување нови локални избори. Денеска на прес-конфренција тој ги коментираше состојбите во локалната самоуправа и даде оценка.
– Ако новиот буџет не се стави на дневниот ред во законски определен рок, јас како градоначалник сум обврзан да го информирам Министерството за финансии и да барам времено финансирање во висина од една третина од буџетот за 2017 година. Ќе почекаме до петокот барем да се стави на дневен ред. Потоа, ако не помине буџетот ќе ја разгледаме и можноста за распишување на локални избори. Тоа е една од можностите за распуштање на советот, бидејќи вака не можеме ниту да функционираме како општина, рече градоначалникот Таравари.
На прес-конфренцијата, во врска со пречките кои доведоа до доцнење на платите во образовните институции, Тој нагласи дека по негова иницијатива е надмината состојбата и дека денеска на вонредна седница е донесена одлука во корист на наставниот кадар. Таравари во оваа прилика ги обвини политичките противници за опструкции.
– Мнозинство се обидува постојано да блокира, како што е носењето на буџетот. Но, сакам да информирам, дека успешноста во работата на Општина Гостивар ја кочат 16-те советници од ДУИ, СДСМ, партијата на Весел Мемеди и Демократскиот сојуз на ромите, подвлече Таравари
Причините за ваквиот однос во советот, Таравари го гледа во неисполнетите барања на „мнозинството“. Според градоначалникот, тие барања биле непринципиелни.
– Бараат да вработиме партиски војници во образованието. Бараат се исплатува плата на лица кои воопшто не доаѓаат на работа. За овие работи јас нема за што да разговарам со нив“, дециден беше градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Арбен Таравари: Масовно се брка наставен кадар
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)
-
МОН му ги одзеде надлежностите на Таравари да разрешува и именува директори во училиштата
-
Таравари: ДУИ и СДСМ не се солидаризираа, само ги намалија буџетните средства за една третина